ИНТЕРЕСЕН СТАТУС НА ПРЕДВОДНИКОТ НА КОШАРКАРИТЕ

Давитков со отказ од клубот, поради тоа што е селектор на Македонија!?

Утрово на својот фејсбук профил селекторот Јорданчо Давитков истакна интересен статус

објавено: 7 декември 2017 - 10:01

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков, утрово на својот фејсбук профил истакна интересен статус.

„Клубот може да го раскине договорот бидејќи сум бил да ја водам репрезентацијата на мојата земја... Ок го почитувам тоа! Но и сега пак да треба да одлучувам, Одлуката ќе биде иста! клубови имало многу и ќе има уште, но репрезентацијата на Македонија е една!“, напиша на својот фејсбук профил Давитков.

Давитков веќе со години работи во Арапските Емирати, а од пред некое време повторно ја прифати одговорноста да биде предводник на репрезентацијата на Македонија. Националниот тим ги игра претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година, каде имаме две победи, откако „црвено-жолтите“ беа подобри од Швајцарија и Словачка. 

Најново во Кошарка