СЛОВЕНЕЦОТ ЌЕ ИМА СЈАЈНО ДРУШТВО ВО ТЕКСАС

ДИРК ЌЕ ГО ДОЧЕКА ДОНЧИЌ: Среќен сум и спремен за НБА! (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар е избран како трет пик на драфтот, а кариерата ќе ја продолжи во Маверикс, а не во Атланта која првобитно го бираше ноќеска во Бруклин...

објавено: 23 јуни 2018 - 09:30

Лука Дончиќ од денеска и официјално е нов играч на Далас Маверикс.

Односно треба да биде откако ќе бидат реализирани сите оние потребни работи за да биде така.

Но нема дискусија дека најталентираниот европски играч во овој момент ќе биде дел од екипата во која со години прва ѕвезда беше, односно е легендарниот Германец, Дирк Новицки.
Па сега може да се претпостави дека токму Дончиќ би можел да биде неговиот наследник.

„Веќе разговарав со луѓето од Маверикс. Беа многу добри спрема мене. Дали ми е драго? Среќен сум со самото тоа што сум во НБА лигата, што сум дел од сето ова" - рече Дончиќ откако разбра дека од следната сезона ќе игра за тимот од Тексас.

Младиот Словенец беше и повеќе од одличен во Европа. А поставено му беше и прашањето за тоа дали е подготвен за предизвиците во НБА лигата.

„Имав многу поранешни играчи од НБА лигата во Реал. Играв против Играв против многумина кои веќе биле во НБА лигата, и имав некои сјајни соиграчи. Ме научија многу работи. Особено оние кои беа во НБА лигата, ми зборуваа за неа цела година... Знаеја дека доаѓам... Мислам дека сум спремен" - дополни Дончиќ. 

Најново во Кошарка