ТОА СЕ ВИКА „РАКА-САТАР“

Добриќ против МЗТ и Партизан даде 13 тројки од 16 шута (Видео)

Играчот на Црвена Звезда е во неверојатен шутерски ритам

објавено: 30 јануари 2018 - 12:30

Црвена Звезда синоќа славеше во дербито против Партизан, во АБА лигата (86:74), а прва ѕвезда на теренот беше Огњен Добриќ. Играчот во „црвено-бел“ дрес немаше милост и со тројки го торпедираше кошот на Партизан.  

Добриќ даде 18 поени и сите беа за тро поени. Погоди шест од седум обиди, со што само го продолжи шутерското шоу од претходното коло во АБА лигата. Пред средбата со Партизан, Црвена Звезда гостуваше кај МЗТ Скопје Аеродром, а Добриќ даде 23 поени, погодувајќи седум од девет обиди за тројка. 

Тоа значи дека Добриќ на последните два меча во АБА лигата има неверојатна прецозност од 81 отсто погодени удари за тројка (13 реализирани од 16 обиди). 

 

Најново во Кошарка