ДАЛИ МКФ ПОСТАВУВА ЕДНА НЕРЕАЛНА ГРАНИЦА?

500.000 денари за организација на Купот, со „фајнал-ејт" формат?!

Во ситуација кога половина од клубовите едвај составуваат „крај со крајот", и еден низок постоечки квалитет федерацијата упорно го турка концептот на завршниот турнир да се појават осум екипи-учесници.

објавено: 14 јануари 2018 - 08:05

Нема да има сериозни промени во системот за натпреварување во Купот на Македонија. Барем така се вели во огласот поставен на сајтот на Македонската кошаркарска федерација.

„Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, Македонската Кошаркарска Федерација ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Купот на Република Македонија 2018, што ќе се одржи на 30.01.2018 година во 12:00 часот во просториите на МКФ.
Почетната сума за организација на Купот изнесува 500.000 денари.
Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на сметката на Македонската кошаркарска федерација“.

Доста проблематичен е и оној втор дел од приказната, а кој вели дека на завршниот дел од натпреварите во Купот на Македонија кој ќе се одржи од 16. до 18. февруари, ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.
Се чини дека во овој момент кога половина од клубовите составуваат „крај со крајот", и еден низок постоечки квалитет,федерацијата упорно го турка концептот на завршниот турнир да се појават осум екипи-учесници.
Дали е реално на едно место да се најдат осум квалитетни екипи, и да се реализира турнир со толкав број на учесници?
Организаторот на Финалниот турнир за Купот на Македонија 2018 година, ги добива правата и обврските што му припаѓаат според Правилникот за Куп натпреварувања.

Најново во Кошарка