СЕ СМЕНИЈА РАБОТИТЕ ВО КАРПОШ И АЕРОДРОМ

А лани беше финале...

Иако најави казна за Минчев, тренерот Жељко Лукајиќ го „почести" бугарскиот интернационалец со место во првата петорка од овој дуел со „соколите“ кој беше само полесен тренинг за првакот (101:60).

објавено: 17 јануари 2018 - 19:31

Лани беше финале на плеј-офот, лани играа, и беа конкуренција и во АБА лигата. Сега сето тоа го снема. Не постои ривалство на релација Аеродром и Карпош, она помеѓу МЗТ Скопје и Соколи.

Сега, за жал, Карпош Соколи е нешто сосема друго во однос на она лани.
Екипа која се мачи со млади момчиња да ја сочува честа на клубот кој важи за актуелен освојувач на Купот на Македонија, и финалист на плеј-офот.
Затоа и не чуди крајниот епилог на средбата во која „соколите" беа домаќини во СЦ „Јане Сандански".
Карпош Соколи - МЗТ Скопје 60:101 (14-25 21-31; 13-20; 12-25)
Некако посебно „мотивиран" беше, барем во тоа прво полувреме, Бојан Трајковски.
Довчера играч на Карпош Соколи, едноставно силното крило на МЗТ Скопје не знаеше да погреши.
И не беше единствен затоа што одлично, поентерски го следеше и Андреј Маслинко.

Вреди да се напомене и тоа дека, иако најави казна за Јордан Минчев ( и неговото одесување пред некој ден во Загреб), тренерот на „металците", Жељко Лукајиќ го „почести" бугарскиот интернационалец со место во првата петорка од овој дуел кој беше само полесен тренинг за првакот.

Најново во Кошарка