ЖЕЉКО ЛУКАЈИЌ ПО СИНОЌЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ:

А, што ако нѐ погодеа со стакленото шише?

Српскиот стратег потенцира дека вакви случувања немал на многу дерби пресметки на кои бил актер во својата земја и дека на крајот малку фалело да се случи далеку поголем проблем.

објавено: 18 март 2018 - 15:10

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Жељко Лукајиќ, беше некако во шок по прекинот на синоќешната пресметка со Работнички во „Градски парк", која ќе продолжи вечерва на истото место од 18 часот, но без присуство на публика.

Српскиот стратег за официјалниот сајт на КК МЗТ Скопје Аеродром, потенцира дека вакви случувања немал на многу дерби пресметки на кои бил актер во својата земја и дека на крајот малку фалело да се случи далеку поголем проблем.

„Сум бил учесник на многу дерби средби во кариерата, но никогаш не сум бил сведок на вакво нешто. Ако имало проблеми, се празнела салата и средбата се доигрувала. Можат да сфатат и страст и љубов, но некој да те гаѓа со стаклено шише не разбирам. А, што ако тоа погодеше некого во глава? Не ми е јасно како некој сака од омраза дури и да убие, кога на теренот имате играчи кои многу пати играле и заедно и против себе и имаат куп настапи за Македонија. Никако не ги оправдувам навивачите, ниту нашите ниту нивните. Ова требаше да биде меч за уживање, а не на крајот да спасуваме живи глави", изјави Лукајиќ.

Најново во Кошарка