ОДЛИЧНИ ПРОВЕРКИ НА ЗНАЕЊЕТО

„Академиците" веднаш за Партизан

Во периодот од 9. до 11. јуни во салата во „Градски парк“ се одржа меѓународен кошаркарски турнир чиј домаќин беше ДСУ „Спортска Академија".

објавено: 13 јуни 2017 - 14:40

Освен домаќинот на турнирот земаа учество и екипите на Партизан-Белград, Лукоил Академик-Софија и Арис-Солун.

Победник на турнирот стана екипата на Партизан-Белград, која имаше максимални три победи во исто толку натпревари. Одличното второ место му припадна на составот на ДСУ Спортска академија. Трето место беше резервирано за Лукоил Академик додека паак на четвртарта опозиција заврши солунски Арис.

„Беше задоволство да се биде домаќин на овој меѓународен кошаркарски турнир, имајќи предвид дека учествуваа младинските селекции на три реномирани клубови кои се спортски институции во своите држави. Се надевам дека ваквите настани ќе бидат мотив повеќе за дополнителна работа на младите играчи кај нас. Голема благодарност за Лазар Лечиќ, Марин Докузовски и Александар Петровиќ, кои директно се ангажираа за реализација на овој турнир, а секоја чест на менторите по кошарка од Спортска академија за нивниот ангажман во делот на организацијата, како и на судиската организација на МКФ. Ја истакнувам и логистиката од страна на нашиот колега од Спортската гимназија – Љупчо Станковски, кој несебично придонесе во успешната реализација на овој турнир"– истакнува Дејан Јовановски, директор на ДСУ Спортска академија.

Инаку, за МВП на турнирот беше прогласен Алекса Поповиќ од победичката екипа, Партизан-Белград, додека пак најдобар стрелец е нашиот „академик", Леонид Тодоровски кој постигна 52 поени.

Резултати
ПРВО КОЛО
ДСУ Спортска акдемија-Партизан 63-82
Лукоил-Арис 67-51
ВТОРО КОЛО
Партизан - Арис 67-51
Лукоил - ДСУ Спортска акдемија 76-82
ТРЕТО КОЛО
Лукоил- Партизан 66-70
Арис- ДСУ Спортска акдемија 65-82

 

Најново во Кошарка