ПЕТТО КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА

Академија ФМП се израмни со „соколите", пробив на Ангели кон врвот!

„Пантерите" беа повеќе од убедливо на гостувањето во Крива Паланка (106:60), додека пак драчевци го добија дуелот со конкурентот Чаир 2030, исто така убедливо (87:66)...

објавено: 13 ноември 2018 - 12:30

Петтото коло од Втората лига донесе доста возбудувања, на двата краја од земјата, како во оној источниот, така и во западниот.

Но заеднички именител е дека повторно екипите од главниот град ќе ја имаат, односно водат битката за пласман во онаа втора фаза од која ќе се бараат патниците кои ќе ги пополнуваат местата во Првата лига.
„Паузата" за Карпош Соколи кој ова коло беше слободен, ја искористија кошаркарите на Академија ФМП, кои без многу напори славеа на гостувањето кај Крива Паланка (106:60). За задржување на максималниот ефект, „четири игри-четири победи", исто како што има и Карпош Соколи.
Бод повеќе од скопскиот двоец пак во оваа источна конкуренција има велешки Борец Баскет. Во овој круг од натпреварите беа подобри од Куманово (83:52).
Сепак, најдобриот старт во оваа фаза го имаат кошаркарите на Тетекс ТТК. И петти пат по ред излегоа како победници, сега во дуелот со Спорт тим (92:70), со што само потврдија дека се подготвени да одат во групата од четири екипи која продолжува во онаа одлучувачка фаза.

Прволигашките амбици пак екипата на Ангели ги потврди со убедливата победа на гости кај Чаир 2030 (87:66), за скор (4-1) и делба на втората позиција заедно со битолска Хераклеа, и вториот тим на Работнички, кој во овој круг изненадувачки го впиша првиот неуспех. Подобри од нив беа младите кошаркари на Партизан Мулти Шпед (79:67).

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ

ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
МЗТ Скопје – ТФТ 69:61
Милановски – Баскет КАМ 77:100
Борец Баскет – Куманово 83:52
Лирија 77 – Спарта 65:86
К. Паланка – Академија ФМП 60:106
К. Соколи - слободен
ТАБЕЛА
1.Борец Баскет 5 4 1 421:298 9
2.К. Соколи 4 4 0 340:224 8
3.Академија ФМП 4 4 0 352:286 8
4.МЗТ Скопје 5 3 2 415:361 8
5.Спарта 5 2 3 418:442 7
8.Баскет КАМ 4 2 2 300:277 6
7.ТФТ 4 2 2 311:288 6
8.Дино Баскет 4 2 2 308:316 6
8.Куманово 5 1 4 313:391 6
10.К.Паланка 5 1 4 331:439 6
11.Лирија 77 4 1 3 239:323 6
12.Милановски 3 0 3 186:289 3
ИДНО КОЛО (17.11)
К. Соколи – Милановски
Куманово – Лирија 77
Академија ФМП – Борец Баскет
ТФТ – К. Паланка
Дино Баскет – МЗТ Скопје

ЗАПАД
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Гостивар – Феникс 2010 71:84
Тетекс ТТК – Спорт Тим 92:70
Партизан МШ – Работнички 79:67
Спортисимо – Хераклеа 70:77
Црн Дрим – ТНТ 82:56
Чаир 2030 – Ангели 66:87

ТАБЕЛА
1.Тетекс ТТК 5 5 0 388:328 10
2.Ангели 5 4 1 397:340 9
3.Работнички 5 4 1 378:328 9
4. Хераклеа 5 4 1 365:350 9
5.Чаир 2030 5 3 2 403:382 8
6.Партизан МШ 5 2 3 377:358 7
7.Црн Дрим 5 2 3 380:357 7
8.Феникс 2010 5 2 3 363:403 7
9.Спортисимо 5 1 4 326:362 6
10.Гостивар 5 1 4 350:400 6
11.ТНТ 5 1 4 370:427 6
12.Спорт Тим 5 1 4 334:396 5
ИДНО КОЛО (17.11)
Работнички – Чаир 2030
Ферникс 2010 – ТНТ
Ангели – Спортисимо
Хераклеа – Тетекс ТТК
Гостивар – Партизан МШ
Спорт Тим – Црн Дрим

Најново во Кошарка