ДРАГАН НИКОЛИЌ ВО ПРЕСРЕТ НА ВТОРИОТ ФИНАЛЕН МЕЧ:

Ако одлучува последниот напад, ние да дадеме кош!

Тренерот на Карпош Соколи повикува, ако за тоа биде потребно, се разбира, вечерва (20. часот), и среќата да биде на нивната страна во дуелот против МЗТ Скопје.

објавено: 16 мај 2017 - 17:15

Кaрпош Соколи беше на еден кош до голем триумф, но не успеа да победи, да го освои „Јане Сандански“, и да направи „брејк“ кој име потребен во трката за шампионската титула.

Минималниот пораз (76:77), им донесе и дополнителен психолошки притисок, Јасно и поради што, едноставно „соколите“ не смеат да загубат на домашен терен, односно на вечерашниот меч закажан за 20. часот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ мора да го добијат бранителот на титулата - МЗТ Скопје.
И покрај тесниот пораз, тренерот Драган Николиќ беше задоволен како одигра неговиот тим на првиот меч. И верува дека на второто гостување во Аеродром ќе заминат со нерешени 1-1.

Сепак, за да бие така, односно за да му се исполни желбата, тимот не смее да падне на психолошки план.

„Презадоволен сум од начинот на кој одигравме. Иако загубивме, задоволен сум и горд на моите играчи. Штета што немаше повеќе публика, вакви мечеви заслужуваат полни трибини“ - беше кратката анализа на Николиќ за досега направеното.

А за она што следува вечерва, Србинот вели:

„Се надевам дека сега среќата ќе биде на наша страна и ако одлучува еден напад, дека топката ќе влезе во кошот. Вечерва сме домаќини и треба да бидеме мажи, да стегнеме заби и да се подготвиме за мечот", рече Николиќ.

Најново во Кошарка