„СПОРТМЕДИА" ДОЗНАВА:

Ангел Тасевски ќе биде новиот извршен директор на Работнички

Довчерашниот „технико" и асистент, па тренер во стручниот штаб на „соколите", а претходно и долгогодишен играч на клубот од Карпош, ќе биде именуван на оваа висока функција кај нашиот најтрофеен кошаркарски колектив...

објавено: 13 февруари 2018 - 18:00

Оваа сезона ќе ја памети како доста турбулентна, можеби и најдинамична откако се занимава со кошарка, макар што тоа не го правеше на теренот, туку тука некаде, непосредно, покрај аут линијата.

Ангел Тасевски одработи неколку „улоги" во екипата на Карпош Соколи.
Откако заврши со активното играње, како еден од најголемите приврзаници на Карпош Соколи одлучи да остане во клубот, да биде дел од раководниот тим на „соколите", кои лани успешно ја одработија сезоната во АБА лигата. Успесите кулминираа со освојување на националниот Куп.


Но оваа година, оној лош финансиски момент кој им ги скрати „крилјата" на соколите" да летнат уште повисоко, не го поколеба популарниот „Шеле".
Остана во Карпош Соколи....
Беше и прв тренер, потоа и асистент, и тоа до моментот кога до него дојде една сосема па слободно може да се каже, и една неочекувана понуда.
Прво да ги промени клупските бои, а потоа да добие и една и тоа како одговорна функција...

„Спортмедиа" од извори блиски на клубот од „Градски парк", дознава дека Ангел Тасевски во наредните денови ќе биде промовиран во нов извршен директор на нашиот најтрофееен коашркарски клуб. И дека до почетокот на финалниот турнир од Купот на Македонија во Кавадарци, ќе влезе во „црвено-белото" друштво.
Предлогот за именување на Тасевски бил доставен и до Советот на општината Центар, доминатниот спонзор на клубот од „Градски парк", и прифатен, по што следува само реализација на договореното од страна на клупските структури.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка