Не можеше да посака подобро

Антиќ го испраќа Гечевски во пензија

Легендарниот центар, Тодор Гечевски на дуелот меѓу Работнички и Фенербахче и официјално ќе се збогува од активното играње на кошарка. 

објавено: 27 септември 2016 - 14:22

Тодор Гечевски не можеше да посака поубав начин на збогување со активното игање на кошарката. Легендарниот центар на дуелот меѓу Работнички и Фенербахче, пред полна сала, во друштво со своите некогашни репрезентативни соиграчи, Перо Антиќ, Владо Илиевски и Ѓорѓи Чековски ќе се збогува со кошарката.

„На ревијалниот меч помеѓу екипите на Работнички и Фенербахче, македонската кошаркарка легенда Тодор Гечевски и официјално ќе се збогува од активното играње кошарка. Еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски, својот проштален натпревар ќе го одигра во петок, 30.09.2016, на ревијалниот меч помеѓу КК Работнички и КК Фенербахче. Натпреварот ќе го одбележи седумдесетгодишното постоење на нашиот најтрофеен кошаркарски клуб, а центарот Гечевски по две децении успешна кариера во земјата и странство ќе се збогува од кошарката“, се вели во соопштението на КК Работнички.

Со ревијалниот натпревар против Фенербахче, кој се игра во петок во Вип Арената „Борис Трајковски“, најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ќе ја започне прославата на својот 70. роденден.

Најново во Кошарка