ПРОМЕНИ ВО СТРУМИЦА, И ТРЕНЕРСКА И ИГРАЧКА

Атанасов го менува Влаикидис, си заминува Бишоп

Нов тренер на Струмица е досегашниот помошник Васко Атанасов.Струмичани без крилниот играч од САД. 

објавено: 14 ноември 2017 - 18:00

Васко Атанасов ќе го предводи составот на Струмица во наредниот период, и тој ќе биде наследникот на Власис Влаикидис на првата тренерска позиција кај „фенерцијата“ во нашата Прва лига.

Вака одлучило раководството на клубот во текот на денот, соочено со писмената оставка која ја поднесе грчкиот тренерски интерационалец. 

Атанасов важи за единствен млад професионален тренер со ФИБА лиценца во Струмица. Минатата година работеше во школата на скопски Јуниор, а претходно има искуство од Молдавија каде ја водеше екипата на Адмиралс.

Атанасов ќе биде на клупата на Струмица на натпреварот од седмото коло во Првата лига против Пелистер во Битола претстојниот викенд.

Во исто време екипата на Струмица остана и без услугите на Американецот Антонио Бишоп. Неговата повреда била посериозна од оние првични очекувања. Одлучено е договорот со него да биде прекинат, и да се побара друго играчко решение на позицијата која ја покриваше - онаа на крилен центар. 

Најново во Кошарка