ОХРИДСКИОТ ПРВОЛИГАШ ЌЕ БАРА НОВ ПЛЕЈМЕЈКЕР

АВ Охрид спогодбено се раздели со Младеновиќ

Со двострана спогодба, на барање на Младеновиќ, раководството на охридскиот прволигаш одлучи истото да го прифати, односно да го прекине договорот кој беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

објавено: 6 февруари 2017 - 14:10

Марјан Младеновиќ, еден од носитлеит ена играта на тимот во измиантите година и половина, повеќе не е дел од АВ Охрид.
Со двострана спогодба, на барање на Младеновиќ, раководството на охридскиот прволигаш одлучи истото да го прифати, односно да го прекине договорот кој беше со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

„И покрај договорот помеѓу АВ Охрид и Младеновиќ за користење на неговите услуги во клубот до крај на оваа сезона, дојде до предвремено раскинување на истиот.
Младеновиќ дојде во АВ Охрид минатата сезона како прв плејмејкер во клубот каде што и ја оправда довербата. Со максимална минутажа во Втората лига, Младеновиќ како носител на играта допринесе АВ Охрид само со еден пораз, експресно да дојдеме во Првата лига.
Во оваа прилика би сакале да му се заблагодариме на нашиот довчерашен клубски плејмејкер Марјан Младеновиќ за се што придонесе за нашиот клуб, а воедно да му посакаме успех на приватен и професионален план"- информираат од клубот од Охрид, кој практично од денеска стартува со потрагата за наследник на Младеновиќ на првата бековска позиција.

На десет натпревари во Првата лига Младеновиќ дојде до просек од 9.9 поени, 4. асистенции и 2.9 скока за повеќе од 30. минути поминати на теренот.
Пред да дојде во клубот од Охрид, овој 29. годишен кошаркар играше и за Куманово, претходно и за екипата на Овче Поле од Свети Николе и велешки Жито Вардар.
Кариерата Младеновиќ ќе ја продолжи во второлигашот Радовиш, чија раководна структура му понудила услови кои едноставно „мора да се прифатат".

Најново во Кошарка