ИМ ТРЕБА САМО УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ЗА НОВА ТИТУЛА

Баделки го даваат Купот, ама првенството не

Бадел поведе со 2-0 во финалната серија против Вардар, од кој две години по ред губат во Купот, но го победуваат во плејофот

објавено: 13 мај 2018 - 09:30

Со резултат од 61:51, екипата на Бадел 1862 ја доби првата битка во финалната серија од плејофот во женска сениорска конкуренција против Вардар. Бидејќи финалето го почнаа со 1-0 поради подобриот скор во меѓусебните дуели во лигата, сега баделки водат со 2-0 и им треба само уште еден триумф за нова титула. Со оглед на односот на силите, се чини дека тимот од Кисела Вода ќе дојде до уште една титула, а ослабените вардарки ќе мора да се задоволат со освоениот пехар во Купот на Македонија. 

Најново во Кошарка