МЗТ СКОПЈЕ ЈА ОДРЕДИ ЦЕНАТА ЗА ПРВАТА БИТКА

Битка за титула за 100 денари

МЗТ Скопје и Карпош Соколи в недела го играат првиот финален дуел. Домаќин на оваа средба е бранителот на титулата, а цената на билетите изнесува 100 денари. 

објавено: 11 мај 2017 - 12:15

Пресметката за шампионската титула, меѓу двата најдобри македонски клубови, МЗТ Скопје и Карпош Соколи стартува в недела со почетокот во 18 часот. Домаќин на првиот финален натпревар е бранителот на титулата, кој сосема очекувано овие мечеви ќе ги игра во СЦ „Јане Сандански“, а цената на билетите изнесува 100 денари.

И МЗТ Скопје и Карпош Соколи во полуфиналето од плеј-офот, по „брза постапка" со „чисти" (3-0) ги елиминираа своите противници, Куманово односно Работнички. И двете екипи до сега одиграа четири натпревари, два од нив во АБА лигата и две во Суперлигата, а „металците" добиле три, а загубиле само еден.

МЕЃУСЕБНИ РЕЗУЛТАТИ
АБА ЛИГА
23.10: 2016: МЗТ Скопје – К. Соколи 74:71
20.01.2017: К. Соколи – МЗТ Скопје 77:74
СУПЕРЛИГА
01.04: К.Соколи – МЗТ Слопје 87:85
26.04.2017: МЗТ Скопје – К. Соколи 80:61

 

 

Најново во Кошарка