И ОФИЦИЈАЛНО, ГЕВГЕЛИЈА ДОБИ УШТЕ ЕДЕН ПРВОЛИГАШ

Блокотехна би играла во втората АБА лига

Овој клуб постигна согласност за превземање на местото во елитното друштво од тимот на Радовиш.

објавено: 3 јули 2017 - 14:00

Сега веќе е официјално, екипата на Блокотехна од Гевеглија е нов член на машката Прва лига. 

Овој клуб постигна согласност за превземање на местото во елитното друштво од тимот на Радовиш, кој во ланското првенството од втората лига стигна до втората позиција со што обезбеди директен пласман меѓу најдобрите екипи во Македонија.

„Можеме да потврдиме дека сите детали се веќе средени. И дека ја добивме потребната документација за место во Првата лига. Блокотехна е нов кошаркарски прволигаш, а во тек се подготовките за формирање на Акционерско друштво, нешто што е неопходно според законските прописи за учество во елитното друштво" – потврдува претседателот на клубот од Гевгелија, Драган Ристов.

Ристов најавува дека клубот ќе ги задржи во своите редови петмината кошаркари кои заедно со КК Радовиш се изборија за местото во елитата. Односно дека се потпишани нови договори со Андреј Цветковски, Синиша Аврамовски, Марјан Младеновиќ, Горан Главчев и со Златко Гоцевски.

Тренер на тимот и понатаму останува Марјан Илиевски.
Амбициите на новиот прволигашки субјект од Гевгелија, покрај оние домашни обврски, се и учество и во некое од регионалните натпреварувања.

„Би сакале да се пробаме и да играме со некои екипи од опкружувањето. Затоа, разгледуваме две опции. Играње во БИБЛ или пак во втората лига на АБА. Но за тоа - потоа" - додава Ристов.

Инаку новиот прволигаш го донес еи првото засилување од страна. Потпиша договор со 24 годишниот Американец, Двејн Бенџамин кој игра на позиција крило.

Висок е 201 сантиметар, а својата кариера ја започнал во престижниот колеџ Орегон, каде поминал две сезони, додека лани играше за данскиот Бакен Беарс. 

 

Најново во Кошарка