Не беше неизвесно на гевгелиското дерби

Блокотехна го блокираше Кожув со убедлива победа од 37 разлика

Блокотехна убедливо го доби гевгелиското дерби со Кожув, а разликата на крајот од мечот беше огромна, односно цели 37 поени разлика

објавено: 13 јануари 2018 - 14:49

Блокотехна убедливо го доби гевгелиското дерби со Кожув, а разликата на крајот од мечот беше огромна, односно цели 37 поени разлика.

Блокотехна славеше со 91:54, а дека нема да биде неизвесно, домаќините најавија со одлична игра уште од стартот на дербито. Поведоа со неверојатни 22 поени разлика по само 10 минути игра, а на полјувреме се замина со резултат 56:27.

Во продолжението разликата беше и 40 поени разлика, но кошаркарите на Кожув ја добија последната четвртина и на крајот загубија со 37 поени.

Најново во Кошарка