КАРПОШ СОКОЛИ ИМА НОВ ТРЕНЕР

Борче Даскаловски ќе ги води „соколите“

Повеќегодишниот асистент во стручниот штаб, Борче Даскаловски, од денеска е прв тренер на актуелниот македонски вицешампион, екипата на Карпош Соколи.

објавено: 4 јули 2017 - 16:19

Станува збор за еден од наједуцираните стратези во кошаркарскиот спорт кај нас, кој во моментов е и доцент на катедрата по кошарка Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), а кој е еден од неколкумината во овој спорт кај нас со титулата доктор.

Во таборот на „соколи" е во изминативе две сезони, а претходно работеше како прв тренер во екипата на Вардар. Тој е и поранешен прволигашки играч.

Даскаловски доаѓа на местото на Драган Николиќ, кој го донесе првиот пехар во клупската историја, тој во Купот на Македонија. Новиот стратег го очекува уште поголем предизвик, настапот во Лигата на шампионите на ФИБА.

Најново во Кошарка