ПЕТТИОТ КРУГ ОД ПЛЕЈ-АУТ ЛИГАТА ГИ СИМНА СИТЕ ДИЛЕМИ

Брчков ја одбрани Струмица, донесе опстанок

Со триумфот над АВ Охрид (79:71), кошаркарите на Струмица дојдоа до два недостижни бодови во однос на битолски Пелистер, кои водат во „зоната на спасот". И покрај поразот во Струмица, охриѓани се сигурни пред последното коло. Имаат подобар скор во меѓусебните дуели со „пелистерци".

објавено: 9 април 2017 - 20:44

Екипата на Струмица и во следната сезона ќе игра во македонската Прва лига. Струмичкиот состав славеше победа против АВ Охрид (79:71) во одлучувачкиот дуел по кој се изборија за првото место во плеј-аут лигата.

Што е поважно, пред последното 6. коло, имаат поен плус во однос на охриѓани, и дури два недостижни во однос на битолски Пелистер.
Во првата лига ќе игра и АВ Охрид.
Макар што загубија во струмички „Парк", пред последниот круг и гостувањето во Скопје, против Вардар, имаат победа повеќе во однос на „пелистерци". но што е поважно и подобар меѓусебен скор во меѓусебните (четири) дуели. па дури и нивни пораз од Вардар, и победа на Пелистер против Струмица во последниот круг, нема да ги смени работите во оваа мини-лига за опстанок.


На дуелот во Струмица, решавачки за домашната екипа, блескаше екс-репрезентативецот Владимир Брчков. Реализираше крилото на Струмица дабл-дабл ефект кога беше најпотребно (26. поени и 10. скока, плус и 4. асистенции).

Но добро „одработи" комплетната прва петорка на струмичкиот прволигаш. Погодуваа и Јокиќ (15), и Стефановски (13), но и капитенот Богоев (11 поени и 9. асистенции), и младиот Макенаџиев (10).
Интересно, Девин Брукс не беше најефикасниот играч на АВ Охрид (не играше Михајлоски), затоа што Милојевиќ запиша 25. поени. А Американецот оствари двоен скор, од 21. поен и 12. скока.

Најново во Кошарка