ВТОР ТРИУМФ НА ОХРИЃАНИ ВО ТРКАТА ЗА ОПСТАНОК

Брукс му го „честиташе" роденденот на тренерот Чочороски

Новата извонредна партија која американскиот бек на АВ Охрид ја заокружи со 33. поени, 10. скока и 5. асистенции им ја донесе и втората плеј-оф победа, против Струмица, од (81:77) со која „галебите" се многу блиску до целта.

објавено: 18 март 2017 - 18:50

Серијата од (13-2) на почетокот на третата четвртина, ги донесе охриѓани во насоката во која сакаа, но не успеаја да бидат во првото полувреме, односно до водство од (51:38).
Доста израмнето ако се земе в предвид дека АВ Охрид се стекна со „минималец" (38:36) откако во двете четвртини имаше само по еден поен предност. прво со (21:20), а потоа и (17:!6).
Како и на изминатите неколку средби, се одново во играта на „галебите" се вртеше околу Девин Брукс, кој со помош на својот американски сограѓанин Кајлен Шејн, но и младиот Донески, кој погоди неколку важни шутеви (десет поени), попопнуваа дел од „празнините" во нападот.
И со не баш ефикасен напад, АВ Охрид имаше двоцифрен плус (56:46). Но во последните три минути од третиот период струмичани го „преполовија". Погодуваа Јокиќ и Стефановски, но и оние кои треба да го прават тоа Богоев и Брчков.
Со серијата (8-2), намалија на -4 (54:58), и ја претворија последната четвртина во повеќе од интересна. Дури и повеќе од тоа, затоа што на 3:06 минути до крајот Струмица дури и поведе (72:71).
Но тројката на Б. Јанески го врати домашниот тим во водство, кое Брукс, со помош на Шејн го претвори во недостижни и конечни (81:77).
На голема радост, пред се на тренерот Петар Чочороски, кој го прослави 44. роденден на најдобар можен начин, со победа на екипата која дојде до вториот плеј-аут триумф, и на чекор до посакуваната цел – опстанокот.
Секао, во најголема мерка по заслуга на неверојатниот Девин Брукс кој освен 33 поени, во текот на играта имаше и десет скока и пет асистенции. Шејн дојде до дабл-дабл скор од 17. поени и 14 скока. додека по десет реализации освен Донески имаше и Михајлоски.
Кај струмичани пак, 21 дојдоа од Јокиќ, Брчков додаде 16, Стефановски 14, а Макенаџиев уште 12. поени.

Најново во Кошарка