АМЕРИКАНЕЦОТ ПОГОДИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ, ЗА ОПСТАНОК

Брукс за „мирни води охридски"...

Охрид го слави Девин Брукс. Има и зошто, ако се земе в предвид дека Американскиот плејмекер донесе вистинска кошаркарска ренесанса.

објавено: 1 април 2017 - 18:52

Охрид го слави Девин Брукс. Има и зошто, ако се земе в предвид дека Американскиот плејмекер донесе вистинска кошаркарска ренесанса во Охрид.
Беше заслужен и за претходните успеси на АВ Охрид, но она што го направи на дуелот со Пелистер се граничи со повеќе од херојски обид.
При нерешен резултат (51:51) и нецели десет секунди Брукс ја зема топката во своите раце и ја стави таму каде што посакуваше, во кошот на Пелистер за голема победа, која ги симна сите дилеми.
АВ Охрид и во следната сезона ќе игра во Првата лига!
АВ Охрид – Пелистер 53:51 (12-14; 13-10; 17-12; 11-15)
Битолчани стартуваа подобро, имаа почетни (6:0) но АВ Охрид најде одговор. Со серија од 11. поени по ред, домаќинот премина во водство (11:6). Но откако неколку минути останаа без поени гостите од Битола ги реализираа последните осум во четвртината со кои обезбедија минимално водство на истекот од првите 10.минути, (14:12).
Влегувањето на младите Глигоријевиќ и Арсоски донесе свежина во играта на охридскиот прволигаш. Тоа беше имплус повеќе за оние поискусните во тимот да го вратат водството, со своја рибрејк-серија (9-0), и највисоко водство (21:14).
Првите поени во вториот период „пелистерци" ги реализираа во 14.минута кога погоди Хоукинс, и ја прекина серијата на охриѓани. И не само тоа, се заканија уште еднаш, дојдоа до „половина поен" негатива (22:23) откако уште еднаш погоди Хоукинс (11. поен).
Тимот од Охрид ја доби четвртината (13:10), но во тие 20. минути во кои имаше минимална предност (25:24), не ги убеди навивачите во „Билјанини извори" дека лесно ќе дојде до планираната цел – опстанокот. Уште еднаш сите очекувања беа во Девин Брукс, кој и беше на нивото на задачата (11. поени и 9.скока). Но имаше сериозен поентерски конкурент во Хоукинс на другата страна од теренот, (идентични 11 поени).
Чекаа охриѓани, и дочекаа две тројки во серија на Брукс. Американецот го однесе АВ Охрид кон „помирни води", затоа што по 25. минути играње беше (36:29). Пет минути подоцна, бее скоро исто (42:36) за АВ Охрид, но и серизен проблем затоа што нивниот најдобар и најефикасен играч Брукс го доби (сосема непотребно) четвртиот прекршок по кој мораше да седне на клупата.
Пелистер знаеше да ги искористи тие моменти, и преку својот најдобар играч, Хоукинс да прејде и во водство (48:47). Имаа шанса и да поведат битолчани. Но на 11. секунди пред крајот, Андрејевиќ беше половичен од линијата за слободни фрлања (51:51), по што дојде потегот на денот во Охрид.
Оној на неверојатниот Девин Брукс, кој со својот 22. поен (и 12 скока) му го донесе опстанокот на АВ Охрид.

 

Најново во Кошарка