АВ ОХРИД СИГУРЕН ПРОТИВ „ФЕНЕРЦИЈАТА“

Брукс за „помирни води“ во Охрид

Американскиот бек прикажа уште една одлична партија, доволно дебитантот во Првата лига да го совлада Вардар (93:80) и да стигне до четвртата победа на крајот на регуларниот дел од натпреваруавењто..

објавено: 4 март 2017 - 19:03

Девин Брукс е „пол погодок“ за АВ Охрид. Ангажманот на американскиот бек од страна на раководството на охридскиот прволигаш се покажа како доста ефикасен, затоа што освен онаа „најава“ која ја испрати на Купот во Кавадарци, Брукс почна да се исплаќа и во овие првенствени натпревари. Оние на кои дебитантот во Првата лига се бори за опстанокот.

На затворањето на оној прв дел од Првата лига АВ Охрид го победи Вардар во Скопје.

Вардар - АВ Охрид 80:93 (13-28; 23-17; 18-25; 26-23)

Па по 14 одиграни кола, и поделбата која ги води во плеј-аут лигата, охридскиот прволигаш стигна до својата 4. победа, додека пак „црвено-црните“ се на „нула ефект“ (0-14), кој не им гарантира дека и следната сезона ќе бидат во оваа конкуренција,

На дуелот „Под Кале“ многу работи станаа јасни по една четвртина, онаа првата во која АВ Охрид воден од Брукс изгради убедлива предност (28:15). Во наредната „вардарци“ симнаа добар дел од неа. Намалија избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов на едноцифрен минус (36:45), Но се чини дека немаа сили и за нешто повеќе.

Веќе во третата четвртина работите одново беа поставени како и во првата, па последните десет минути за играње гостите од Охрид ги дочекаа порелаксирано, со водство  (70:54).

Брук запре на ефект од 32. поени (13/21 од поле) 13. скока, 5.асистенции (но и осум загубени топки). Но одлично беше испратен  од Михајлоски кој уфрли 15, Донески со 14, додека пак неговиот американски соиграч Шејн придодаде 11. поени и 7. скока.

Даниел Калов со 25. поени, 9. скока и 3. асистенции беше прво име кај Вардар. Дејан Србиновски реализираше 19. поени, а Мартин Шалев уште 12, кои на крајот се покажаа како недоволни за прв триумф во сезоната за најмладиот тим во лигата.

 

Најново во Кошарка