ЖДРЕПКА НА КУП-ДВОЈКИТЕ ЗА „Ф8“ ТУРНИРОТ ВО КАВАДАРЦИ

Четвртфиналето ќе биде интересно: Работнички-Куманово

Бранителот на куп-титулата МЗТ Скопје за противник го доби гевгелиски Кожув. Во другите два меча од првиот круг на финалниот тунтир, Фени Индустри-АВ Охрид, и Карпош Соколи-Вардар.

објавено: 10 февруари 2017 - 12:13

Пред ждрепката беа одредени натпреварувачките броеви за двете екипи кои не се вклучени во првиот дел од Првата лига.

Односно МЗТ Скопје и Карпош Соколи. 

Среќата не ги посака „братските клубови“ Работнички и Куманово кои ќе се сретнат уште во четвртфиналето. Доста интересен ќе биде дуелот во кој бранителот на титулата МЗТ Скопје за предизвикувач го има гевгелиски Кожув.

„Домаќинот“ на турнирот, екипата на Фени Индустри пак за место во полуфиналето че се бори против АВ Охрид, додека пак последниот патник во првата „четворка“’ќе го даде дуелот Карпош Соколи-Вардар. 

На 17. февруари (петок), Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за 13.00 часот. Во вториот термин, (15.30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид.

Трет натпревар на распоред (18.00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20.30) МЗТ Скопје, бранителот на Куп-титулата ќе се пресмета со Кожув.

Најново во Кошарка