АВ ОХРИД СЕ РАЗДЕЛИ СО БУГАРСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ

Цонков се врати дома, ќе игра за Берое

Играч помалку во ротацијата ќе имаа „галебите" за вечерашниот дуел со Гостивар, но и во понатамошниот дел од сезоната...

објавено: 2 декември 2017 - 17:25

Станислав Цонков повеќе не е играч на АВ Охрид.
Со еден споразумен договор, двете страни одлучија дека е најдобро секој да продолжи по својот пат.

А бугарскиот интернационалец пак одлучи по Охрид, кариерата да ја продолжи дома, или поточно во екипата на Берое со која потпиша договор кој важи до истекот на ова и цела наредна сезона.
Во овој прв дел од сезоната, 26. годишниот Цонков, кој пред неколку дена стана татко, и изразил желба да се врати во татковината, како играч на АВ Охрид имаше просек од 13.8 поени, 3.скока и 1.7 асистенции на шесте мечеви од АБА 2 лигата.
АВ Охрид ќе се обиде на местотo на Цонков во тимскиот ростер да вклуши уште некој домашен кошаркар. Пред десетина дена охриѓaни го ангажираа Стефан Донаковски, кој во овој дел од сезоната играше за вториот тим на Карпош Соколи.

Најново во Кошарка