РАБОТНИЧКИ БАРА СОГЛАСНОСТ ОД ПРВОЛИГАШИТЕ

Да бидеме, да останеме домаќини во „Градски парк"

Раководството на Работнички е свесно за актуелниот момент во кој се наоѓа, не само клубот, туку воопшто кошаркарскиот спорт во нашата земја.

објавено: 26 март 2018 - 13:12

Раководството на Работнички е свесно за актуелниот момент вокој се наоѓа, не само клубот, туку воопшто кошаркарскиот спорт во нашата земја.

Но во исто време бара колегијалност, подршка, односно согласност и од другите прволигашки клубови да одговорат позитивно на нивното барање – натпреварите во оваа натпреварувачка сезона да ги доигра во својот дом, „Градски парк".

Во писмото упатено до клубовите од нашата Прва лига, раководството на лидерот во нашиот шампионат бара:

Почитувани,
По настаните од натпреварот помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром, одржан на ден 17.03.2018 година, како и по укажувањата од страна на МВР и официјалните лица на натпреварот, КК Работнички АД Скопје го доставува ова барање до сите клубови од Прва лига, се со цел добивање на согласност за одигрување на останатите натпревари од сезоната 2007/2018 во салата Градски Парк.
Оваа сезона КК Работнички АД Скопје го има затворено буџетот за инвестиции поради што не сме во можност натпреварите да ги одиграме во друга сала.
КК Работнички АД Скопје ќе преземе дополнителни мерки за зголемување на безбедноста на сите присутни актери на претстојните натпревари, каде ќе биде домаќин, како на паркетот, така и на трибините.
Дополнително, како организатор КК Работнички АД Скопје ја презема целокупната одговорност доколку се потфрли во организацијата на било кој натпревар.
Ве молиме во најкус можен рок, писмено (преку email) да ни одговорите доколку прифаќате останатите натпревари од сезоната 2017/2018, каде домаќин е или ќе биде КК Работнички да бидат одиграни во салата Градски Парк"- велат од нашиот најтрофен кошаркарски клуб во историјата..

Најново во Кошарка