УПРАВНИОТ ОДБОР НА МКФ ВО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Да не биде само Шкупи, „попуст" добија и Работнички и Вардар

Работнички останува во „Градски парк", а Вардар во „Кале". Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на, изненадувачки, отвoрената за јавност, седница, ги потврди и лиценците за салите на двата скопски прволигаши

објавено: 2 октомври 2018 - 18:23

На само неколку дена пред стартот на новиот шампионат, малку мир во редовите на КК Работнички и на КК Вардар, секако и на КК Шкупи.

УО на МКФ реши да дава, на крајот и даде попуст за уште два клуба. Откако КК Шкупи си го доби прволигашкото место, Работнички и Вардар пак добија попуст кој вели дека своите натпревари од Првата лига во сезоната 2018/2019 може да ги играата во пријавените сали, онаа во „Градски Парк", и онаа малата, во СРЦ „Кале".

И покрај информациите за најдени забелешки во спортските објекти каде што настапуваат овие тимови од страна на комисијата за лиценцирање на МКФ, УО на МКФ потврди дека и во наредната натпреварувачка сезона и двете екипи ќе ги користат постоечките инфраструктурни капацитети.

Односно дека Работнички доби дозвола да игра во својот „Градски парк", а Вардар да ја користи и понатаму малата сала во СРЦ „Кале".

Притоа спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски,  поднесе нов предлог, воведување на одредени критериуми што мора да се почитуваат со самиот почеток на сезоната.

За останатите ФИБА критериуми да се даде дополнителен рок од најмногу шест месеци, период кој доаѓа некаде во рамките на почетокот на Супер-лигата, за тие да бидат целосно исполнети. 

Најново во Кошарка