„ПАЗАР“ НА РЕЛАЦИЈА ПРВОЛИГАШИ - МКФ:

Да нема испаѓање, плеј-аут во „форматот" на Суперлигата?!

На состанокот свикан од страна на МКФ, кој беше затворен за јавноста (од кои причини останува непознато), иако во сфера на неофицијалното, секако, имало предлози околу начинот на испаѓање од Првата лига.

објавено: 23 март 2018 - 15:00

На состанокот свикан од страна на МКФ, кој беше затворен за јавноста (од кои причини останува непознато), иако во сфера на неофицијалното, секако, имало предлози околу начинот на испаѓање од Првата лига.

Според актуелниот систем за натпреварување, лигата треба да ја напуштат два клуба, а најдобрите два од Втора лига да влезат во елитата.
Дали ќе има бараж за пополнување на лигата, или слично, клубовите треба да се изјаснат до понеделник, а потоа во вторник, Управниот Одбор на МКФ ќе реши дали предлогот на Здружението е прифатлив. А на собирот биле извадени и предлози, од типот, зошто правилата за суперлигата да не важат и за плејаутот,
Освен тоа, во наредните денови ќе се утврдува дали сите суперлигаши играат во сали што се со потребни стандарди. Доколку бидат забележани „спорни детали", можно е прволигашите да не добијат дозвола за настап во најсилното клупско натпреварување во сезоната 2018/2019.

Најново во Кошарка