Нема кворум, нема состанок?!

Дали прволигашите веќе заминаа на „годишен одмор"?

Иако со денови беше најавено дека конечно ќе се соберат претставниците на Здружението на прволигашите, од тоа не испадна ништо. Половина од нив не беа присутни на најавената седница во Скопје.

објавено: 4 јули 2017 - 16:10

Дали прволигашите предвреме заминаа на „годишен одмор"?

Ако се суди според тоа дека на најавената седница на Здружението беа отсутни половина од предвидените преставници, тогаш тоа и дефинитивно е така.
Не може поинаку да се протолкува моментот дека за доста важни теми за дискусија се појавија само пет клуба, МЗТ Скопје, Работнички, АВ Охрид, Гостивар и Блокотехна.
Загрижува тоа што ги немаше оние кои скоро и да не прескокнале седница на Здружението како Фени Индустри, Куманово и Карпош Соколи, а веќе „стандардно" свој претставник немале ниту Струмица односно Кожув.
Согласно со тоа, засега останува отворено прашањето дали прволигашите се спремни и да му дадат подршка на барањето на Пелистер односно Вардар за евентуално проширување на нашата најквалитетна лига на бројката 12?

 

Најново во Кошарка