ТРЕНЕРОТ НА КАРПОШ СОКОЛИ РЕАЛЕН ВО ОЦЕНКИТЕ ЗА ДЕРБИТО

ДАСКАЛОВСКИ: Имавме недозволен пад во играта, но убаво е да го победиш МЗТ во Аеродром!

„Недозволиво да имаме толкав пад во играта, забележан од таму некаде крајот на третата, па се до средината на четвртата четвртина.

објавено: 12 октомври 2017 - 20:30

Борче Даскаловски го доби тренерскиот дуел со Александар Тодоров, а Карпош Соколи го освои Аеродром. 

Делумен реванш направија „соколите“ на отворањето на новата сезона во домашниот шампионат. Секако и на задоволство во стручниот штаб на тимот од Карпош.

Она што прво сакам да го направам е да им упатам честитки на моите играчи, пред се за пожртвуваноста со која го одиграа овој натпревар, но и поради тоа што останаа со ладни глави, до самиот крај на натпреварот. Исто така да упатам и честитки до мојот соработник Ангел Тасевски, за одлично завршената работа во подготовките за овој натпревар, пред се за оние податоци кои ги рализираше за противничката екипа. 

Што се однесува за нашата игра на овој дерби дуел, морам да кажам дека е недозволиво да имаме толкав пад во играта, забележан од таму некаде крајот на третата, па се до средината на четвртата четвртина.

Сигурно е и дека има причини за тоа... Под ’А’ затоа што сме кратко време заедно. И под ’Б’, затоа што немаме  одиграно натпревар, речиси месец дена, говорам по оној двомеч со Калев. И секако, добро е што на крајот сепак успеавме да го победиме МЗТ Скопје на гостински терен, што не е мала работа. Одиме понатаму, викендов ја имаме Струмица. Прво на ред во нашиот распоред и план за работа е тоа, па дури потоа ќе размислуваме за Европа, и оние натпревари од ФИБА Европа купот“- анализира Даскаловски по овој стартен триумф на „соколите“ во домашниот шампионат.

Најново во Кошарка