Промена на тренерската позиција кај Куп-освојувачот

Даскаловски повеќе не е тренер на Карпош Соколи

По синоќешниот пораз на домашен терен од Фени индустри, Борче Даскаловски реши да поднесе оставка и да си замине од кормилото на Карпош Соколи.

објавено: 30 октомври 2017 - 14:08

По синоќешниот пораз на домашен терен од Фени индустри, Борче Даскаловски реши да поднесе оставка и да си замине од кормилото на Карпош Соколи.

„Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и незавидна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам сѐ најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата која ми ја укажа"- изјави Даскаловски.

Екипата на утрешниот меч од ФИБА Еврокупот против Фалкон ќе ја води досегашниот помошник, Ангел Тасевски.

Најново во Кошарка