АМЕРИКАНСКО КРИЛО ВО БИТОЛА

Дејвид Барел го засили Пелистер

Младиот Американец, роден 1995 година, со своите 200 сантиметри, ќе ја покрива крилната позиција кај „пелистерци".

објавено: 19 септември 2018 - 11:09

Екипата на Пелистер доби уште едно странско засилување во овој летен преоден рок.

И повторно уште еден играч од САД.
Станува збор за Дејвид Барел, студент на Ист Тенеси Стејт Универзитетот, кој ги профати понудените услови од страна на раководството на клубот од Битола.

За Барел (200см -1995 година), ова ќе биде прво европско искуство.
Во последната студентска сезона како играч на Бјуканерс, одигра 33. натпревари на кои стигна до просек од 7. поени, 4.8 асистенции и нецела асистенција.
Како играч на овој тим, Барел одигра вкупно 68. мечеви, со скор идентинчни бројки 7.3поени, 4.0 скока и 0.7 асистенции.
Претходно битолскиот прволигаш ги ангажираше неговите сонародници Тај Херис и Фил Рендолс.

Најново во Кошарка