Прва лига

Дербито за Куманово: Фени падна во „Перо Наков“

Во доста неизвесен натпревар, Куманово го совлада лидерот Фени Индустри со 64:60 во дербито на 12. коло во Првата лига. 

објавено: 11 февруари 2017 - 20:52

Екипата на Куманово го доби дерби дуелот со Фени Индустри совладувајќи го со 64:60 (17-13, 15-21, 15-15, 17-11) во рамките на 12. коло во Првата лига. Поради проблем со паркетот, кумановци во следните месец дена натпреварите ќе ги играат во салата на економското училиште „Перо Наков“.

Домашниот тим по првите десет минути имаше позитива од 17-13, но кавадарчани на полувремето го свртеа резултатот во својата корист, поведоа со 32-34. По изедначената игра во третата четвртина (15-15), главната битка се водеше во последните десет минути во кои Куманово успеа да поведе и да дојде два големи бода.

Браун со 15 поени и пет асистенции беше прво име кај Куманово, два поени помалку имаше Јанески. Кај Фени Индустри, Стајиќ беше единствениот кошаркар со двоцифрен број на поени, зад неговото име запиша 12 поени.

Во претпоследниот натпревар од 12. коло, Струмица со минимални 66:64 го совлада Пелистер. 

 

Најново во Кошарка