АМЕРИКАНЕЦ ВО ОХРИД

Девин Брукс ќе го организира АВ Охрид

Дваесет и пет годишниот кошаркар, висок 186 сантиметри, ќе биде новата плејмејкерска опција кај дебитантот во нашата Прва лига.

објавено: 13 февруари 2017 - 15:30

Нема предавање за АВ Охрид. И покрај серијата на лоши игри и пред се резултати во друштвото на најдобрите, раководството на дебитантот во прволигашката конкуренција одлучи да ги пополнува испразнетите места.
Односно да ангажира нови играчи со кои работите во охридскиот прволигаш треба да тргнат кон подобро...
За таа цел, првиот потег кој го повлекоа од управата на популарните „галеби" од Охрид, е ангажман на еден квалитетен организатор на играта.
А изборот на охриѓани падна на Девин Букер.


Станува збор за 25. годишен американски кошаркар, кој со своите 186 сантимери важи како играч кому основна „дејност" му е да ја разигрува екипата за која настапува.
А овој прв дел од сезоната Букер го поминал во силната Д- лига, која е дел од НБА машинеријата во САД. И тоа во екипата на Винди Сити Булс за која одиграл три натпревари.
Инаку важи за продукт на Универзитетот Крејгтон, каде дипломирав во 2015 година.


А како сениор, односно во последната школска година, одигра 34. натпревари. Притоа за просечни 16.6 минути кои ги добивал од стручниот штаб, во просек реализирал по 6.5 поени, 3.6 скока и 2.8 асистенции, со процент на успешност од 44.4% од поле, односно 70% од линијата за слободни фрлања.


Првата година надвор од Америка Букер ја поминал во Естонија, како играч на екипата на Рапла. На 12 мечеви од Балтичката лига, американскиот плејмејкер запишал одлични бројки. Во просек реализирал по 12.5 поени (46.2% за два и 26.5% за три, и 78.1% за еден поен), но и по 6. скока, односно нецели четири додавања за 29.4 минути кои ги поминувал на теренот.

Најново во Кошарка