НОВИОТ ПРВОЛИГАШ ДОВЕДЕ НОВ ИГРАЧ

Димчевски потпиша за Гостивар

објавено: 19 јули 2017 - 10:00

Новиот кошаркарски прволигаш, екипата на Гостивар, полека но сигурно ја составува екипата за следната сезона. Гостивар успеа да го договори искусниот бек шутер Ивица Димчевски.

Димчевски доаѓа од екипата на Кожуф, каде што настапуваше минатата сезона. Низ кариерата, тој има играно и за екипите на Струмица, Работнички, Куманово, Торус и Вардар. 

Тренерот на Гостивар, Марјан Србиновски, неодамна најави дека фокусот на клубот ќе биде да се развива младинската школа и со помош на неколку искусни играчи да се направи тим кој ќе игра со успех во кошаркарското првенство.

Најново во Кошарка