Искусниот бек ги засилува струмичани

Димчевски продолжува со Струмица

Поранешниот репрезентативец, Ивица Димчевски, ги остави зад себе сите проблеми кои ги имаше и во текот на ланската сезона и одлучи кариерата да ја продолжи во Струмица.

објавено: 6 октомври 2016 - 16:19

Иако во изминатите денови тренираше со екипата на Вардар, Ивица Димчевски е пред реализација на договоро со екипата на Струмица.

Поранешниот репрезентативец ќе биде големо засилување за тимот кој и оваа сезона ќе го предводи тренерот Златко Зетов. Димчевски ќе ја комплетира бековската линија во која струмичани го имаат уште едно репрезентативно име, Ефтим Богоев.

Лани Димчевски имаше сезона за заборав со тимот од „Градски парк", поради повреда на коленото не ја заврши како играч на Работнички. Во текот на кариерата, 27-годишниот кошаркар беше дел и од екипите на Торус (2010-2012) и на Куманово (2012-2014 година).

Најново во Кошарка