ДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ЗА НЕГОВО ВРАЌАЊЕ, СЕГА ИМА ПРИЧИНА

Димитријевиќ еден од главните кандидати за „жешкото“ столче во МЗТ Скопје

Иако се уште нема официјална потврда за заминувањето на миленикот на фановите на шампионите, Александар Тодоров кој преку ноќ стана непосакувана личност, веќе во јавноста почнаа шпекулациите за неговата земна. Еден од главните кандидати за клупата на тимот од Аеродром е Саша Димитријевиќ. 

објавено: 7 декември 2017 - 09:30

Повеќе од јасно е дека на МЗТ Скопје му требаат промени, овој пат тие ќе бидат во стручниот штаб. Александар Тодоров не успеа да го искористи последниот џокер, загуби од Работнички и ја заврши својата мисија во таборот на актуелниот шампион. За разделбата на Тодоров и МЗТ Скопје се чека официјална потврда од клубот, која ќе биде во текот на денешниот ден, бидејќи „сино-белите“ немаат време за трошење, веќе в недела ги чека дуелот со Морнар во рамките на АБА-лигата.

Еден од главните кандидати за „жешкото“ столче во МЗТ Скопје е Саша Димитријевиќ. Станува збор за добро познато име во македонската кошарка, кој беше дел во стручниот штаб на славниот тим од Аеродром, кој го победи Реал Мадрид во Скопје. Димитријевиќ тогаш беше помошник на легендарниот тренер, Александар Књазев.

Но, ова не е единствената причина поради која Димитријевиќ би можел да го превземе кормилото на МЗТ Скопје. Покрај неговото големо искуство како тренер и селектор во младите категории, новиот спортски директор, Тони Грнчаров е главната врска која го поврзува со шампионот.  Двајцата имаа одлична соработка во тимот на Балкан Стил. Димитријевиќ како тренер, додека Грнчаров во улога на играч. 

Во овој момент на МЗТ Скопје му е потребна свежина, ново име или пак тренер од „калибарот“ на Димитријевиќ, кој пак ќе има тешка задача. Најпрво ќе мора да воведе ред, бидејќи на градското дерби можевме да видиме дека во редовите на шампионот владее вистински хаос. 

Најново во Кошарка