Гевгеличани обвинуваат за нови пропусти на МКФ

Димитров: Комесарот ме казни, без официјалните лица да ми земат изјава

Претседателот на Кожув, Димитар Димитров смета дека комесарот за натпреварување при МКФ не ги испочитувал пропозициите при донесувањето на одлуката за негово казнување. 

објавено: 24 март 2017 - 20:25

Претседателот на Кожув, Димитар Димитров смета дека комесарот за натпреварување при МКФ не ги испочитувал пропозициите при донесувањето на одлуката за негово казнување. За неспортско однесување и обид за физички напад на службено лице, претседателот на овој клуб доби парична казна од 30.000 денари и забрана за вршење на службена должност од еден натпревар.

„Само едно ќе прашам? Како можел комесарот за натпреварување да донесе одлука, поточно да ме казни, без официјалните лица на натпреварот со МЗТ Скопје да ми побараат изјава“, е коментарот на претседателот на Кожув, Димитар Димитров.

Покрај оваа казна, Кожув ќе треба да плати уште 16.000 денари на име казни за неспортско навивање, како и фрлање на тврди и меки предмети на теренот.

 

 

 

Најново во Кошарка