КАВАДАРЧАНИ ГО ОСЛАБЕА РАБОТНИЧКИ

Добрите игри му донесоа платен ангажман: Јане Петровски потпиша за Фени индустри!

Одличните партии сезонава во дресот на Работнички, а особено на вечното дерби против МЗТ Скопје кога постигна 22 поени, му донесоа прв платен ангажман сезона на Јане Петровски и тоа во кавадаречки Фени индустри, со кој денеска потпиша договор до крајот на сезоната.

објавено: 17 ноември 2015 - 15:49

Плејмејкерот од второто коло почна да настапува за центарци и тоа на отворен договор со можност да си замине при поволна финансиска понуда, што и се случи откако го привлече вниманието на прволигашот од Кавадарци.

„Преговорите со Фени И. траеја кусо и благодарен сум на добиената шанса од страна на кавадаречкиот тим и нивниот тренер Љупчо Малинков. Со Работнички имав отворен договор односно можност да си заминам кога ќе добијам добра понуда. Верувам дека добро ќе се снајдам во новата средина и дека ќе продолжам во ист ритам како и досега во црвено-белиот дрес“, вели Петровски.

Ова ќе биде значаен удар за четата предводена од Марин Докузовски, кој ионака има мал избор на квалитетни играчи. Но, популарниот „Доктор“ беше свесен дека е можен ваков епилог со оглед што покрај Петровски и сите останати поискусни играчи се на отворен договор со можност без проблеми да си заминат. Тоа пред сѐ се однесува на репрезентативците Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски и на Бојан Крстевски.

Најново во Кошарка