„ДОКТОРОТ“ ИМА ПРИЧИНИ ДА СЛАВИ

ДОКУЗОВСКИ: Ова е подвиг за голем респект...

Три тешки, израмнети меча. Но, кога се ќе се собере и одземе сосема заслужено стигнавме до круната. Го вративме пехарот таму каде што му е местото!" – истакна Докузовски по освојувањето на шампионскиот пехар.

објавено: 25 мај 2018 - 23:00

По чекање од девет години, и три победи во финалната серија на плеј-офот против МЗТ Скопје, Работнички ја освои својата 15.титула во историјата. 

За нивниот предводник од клупата, Марин Дпкузовски, вкупно осма во неговата трофејна кариера...

„Ако ја погледнеме целата сезона, со само два порази, тогаш навистина ова е подвиг за голем респект... Но, ако ја издвоиме само финалната серија, без разлика на убедливите 3-0, мора да искажам огромна почит за игрите на МЗТ, посебно и на овој последен натпревар.

Три тешки, израмнети меча. Но, кога се ќе се собере и одземе сосема заслужено стигнавме до круната. Го вративме пехарот таму каде што му е местото!" – истакна Докузовски по освојувањето на шампионскиот пехар на тимот од „Градски Парк“.

Најново во Кошарка