РАБОТНИЧКИ Е НА ДОБАР ПАТ ДА АНГАЖИРА НОВ ИГРАЧ

Докузовски во Ботевград го „тестираше“ Чохадаревиќ

Српскиот центар Дарко Чохадаревиќ го носеше дресот на Работнички на двете контролни средби во Бугарија, и веројатно ќе потпише договор со најтрофејниот македонски клуб, со што би станал четврти странец во тимот од „Градски парк".

објавено: 15 септември 2017 - 11:50

Српскиот центар Дарко Чохадаревиќ го носеше дресот на Работнички на двете контролни средби во Бугарија, и веројатно ќе потпише договор со најтрофејниот македонски клуб, со што би станал четврти странец во тимот од „Градски парк".

Чохадаревиќ има 31 година, висок е 205 сантиметри, тежок е 111 килограми, а во минатата сезона беше член на францускиот второлигаш Каен. Во Каен, одигра 16 меча, и имаше просек од 8,4 поени, 4,5 скока и две асистенции за 22,6 минути по натпревар. Има добар шут од далечина, погоди 12 тројки од 26 обиди, а и од пенал линијата е солиден, со 68,4 отсто реализација.

Корпулентниот центар од 2006 до 2010 беше на колеџ во САД, а откако го напушти Универзитетот Тексас тек, почна клупска кариера низ повеќе земји. Во 2011/2012, беше член на словенечки Златорог, а во истата сезона играше и за грчки Илисијакос. Во Илисијакос, тој му беше клупски колега на Ристе Стефанов, актуелниот тренер во младинските категории во Работнички.

Во 2012/2013, бил во ИМС Пејрол хокс, клуб од Нов Зеланд/ Го има носено дресот на кипарски АЕК Ларнака, па унгарски ЗТЕ, во септември 2015 потпиша за атински АЕК., беше член и на Ал Ахли во саудиска Срабија, а во минатата сезона беше дел од Каен.

Најново во Кошарка