Прва лига

Драма во Битола, Фени им се врати на старите навики, Струмица без милост

Благодарение на Фил Хокинс, Пелистер го забележа треттиот триумф сезонава, откако на домашен терен го совлада Охрид АВ со 72-70. Фени Индустри им се врати на победите, во Кавадарци го доби дуелот со Кожув (88-82). Струмица го демолираше Вардар. 

објавено: 24 декември 2016 - 20:05

Пелистер на најдобар можен начин му се одмазди на АВ Охрид за поразот на стартот на сезоната. Благодарение на Фил Хокинс и неговите два поени во финишот на мечот, битолчани славеа со минимални 72-70 (18-20, 17-15, 22-19, 15-16) за трета победа сезонава. По двата поени на Американецот, на другата страна Михајловски имаше шанса за победа, но беше непрецизен од линијата за три поени.

Анакиевски со 21 поен беше прво име кај Пелистер, каде 17 поени и седум скока имаше Андрејевиќ. Кај АВ Охрид, Михајловски и Јанески имаа по 14 поени.

Брза рехабилитација на Фени

По пораз од Работнички во минатото коло, Фени Индустри веднаш се врати на старите навики. Кавадарчани на домашен терен го совладаа Кожув со 88:82 (25-26, 22-15, 26-19, 15-22) и останаа на второто место на табелата во Првата лига.
Кошаркарите на Фени Индустри одиграа добро во втората и третата четвртина кога ја направија клучната предност.

Чешковиќ и Шарабизе ги предводеа кавадарчани, двајцата имаа по 19 поени. Кај Кожув Мек Нил имаше 20 поени.

Струмица лесно Вардар

Во претпоследниот натпревар од 8. коло во Првата лига, Струмица го совлада Вардар со убедливи 93:62 (16-20, 10-29, 23-21, 13-23). За струмичани ова беше трета победа, а истата ја најавија уште по првото полувреме по кое имаа убедливи 26-49. Зивчевиќ со 20 поени беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Димчевски со 17 поени.

Во последниот меч од осмото коло кое е последно во оваа година се среќаваат Куманово и Работнички.

 

Најново во Кошарка