Многу новитети кај струмичани

Драстични промени во Струмица: Нов тренер, странците во „аут“, нов спортски директор

Пред продолжението на сезоната во домашното првенство, тимот на Струмица направи големи промени. 

објавено: 18 јануари 2017 - 19:59

Во продолжението на сезоната во домашниот шампионат, Струмица ќе влезе со доста промени. Златко Зетов повеќе не е тренер на струмичани, неговото место ќе го превземе Перо Настев.

„Зелено-белите“ имаат и нов спортски директор, станува збор за Власис Влаикидис, кој и во минатото беше дел од тимот на Струмица, во 2005 година беше тренерот кој на кошаркарска Струмиц аи ја донесе првата и засега единствена шампионска титула. 

Промени има и во составот, први на удар се странските засилувања. Управата на клубот им се зблагодари на Петар Јокиќ, Немања Бешовиќ и Душан Станковиќ.

По првите осум кола, Струмица е на петото место на табелата со три победи и пет порази, исто колку и шестопласираниот Пелистер.

Во првиот меч по паузата, Струмица е гостин на тимот на Работнички, првенството продолжува викендов.

 

 

Најново во Кошарка