СРПСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ СЕ СЕЛИ ВО ГЕРМАНИЈА

Дреновац продолжува во Мителдојчер

Српскиот кошаркарски интернационалец, Ѓорѓе Дреновац, по две сезони минати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром, кариерата ќе ја продолжи во силното германско првенство и тоа во екипата на Мителдојчер.

објавено: 4 август 2017 - 11:15

Српскиот кошаркарски интернационалец, Ѓорѓе Дреновац, по две сезони минати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром, кариерата ќе ја продолжи во силното германско првенство и тоа во екипата на Мителдојчер.

Станува збор за нов член на бундес-елитата, каде што Србинот ќе се обиде да продолжи да игра во ист стил како и во сино-белиот дрес во кој дојде до две шампионски титули по ред. Договорот на Дреновац со аеродромци истече по завршувањето на минатата сезона и тој без проблеми може да биде регистриран за Мителдојчер.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодари и му посакува многу успех во продолжение од кариерата.

Најново во Кошарка