Шампионот договори уште еден играч

Дреновац уште една година во МЗТ Скопје

По Марко Симоновски и Шарлон Клоф, македонскиот шампион го продолжи договорот со Ѓорѓе Дреновац. 

објавено: 25 јули 2016 - 13:22

МЗТ Скопје со големо темпо работи на составување на тимот за настап во Еврокупот. Македонскиот шампион ја продолжи соработката со Ѓорѓе Дреновац на уште една година.

Дваесет и три годишниот Србин изминатата сезона бележеше просек од 15.8 поени, 4.1 скокови и 1.1 украдени топки на 33 одиграни натпревари во Првата лига, додека пак во АБА-лига имаше просек од 14.9 поени и 4.6 скокови.

Ѓорѓе Дреновац е третиот кошаркар од новиот состав на МЗТ Скопје, пред него со македонскиот шампион се договорија Марко Симоновски и Шарлон Клоф.

 

Најново во Кошарка