Клубот од „Градски парк“ најде замена за Кически

ЕКСКЛУЗИВНО: Оливер Тоновски - нов директор на Работнички

На местото на Васко Кичевски, кој поднесе оставка, нов извршен директор на Работнички во наредниот период ќе биде Оливер Тоновски

објавено: 13 јули 2016 - 20:10

Оливер Тоновски ќе биде нов извршен директор на КК Работнички. Ова е одлуката на раководството на клубот од „Градски парк", а е подржана и од страна на Советот на општина Центар, кој е доминантен „сопственик", односно оснивач на Акционерското друштво КК Работнички.
Согласно со однапред утврдената процедура, официјализирањето на оваа одлука, односно тоновски да ја превземе оваа и тоа како значајна функција во клубот, ќе мора да поминат три недели. Или онолку време колку што трае процедурата, по која и дефинитивно најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија ќе добие нов извршен директор.
Тоновски не е баш познато спортско, односно кошаркарско име во нашата јавност. Од оние основни податоци стои дека 33. годишниот Тоновски е вработен во приватна фирма, и нормално, омилени спортски бои му се црвената и белата.

Најново во Кошарка