ВО ДУЕЛОТ НА ПРВИОТ И ПОСЛЕДНИОТ НА ТАБЕЛАТА ВО ПРВАТА ЛИГА

Фени го секна Вардар за дваесетина минути

Се некако стана јасно уште во првиот период од играта. Или оној во кој гостите од Скопје својот десетти поен го реализираа во 6. минута, кога намалија на (10:12). Но во другите четири, стигна серијата на Фени Индустри од (12-0) по која на истекот на првата четвртина беше извесно кој е кој на овој натпревар, (24:10).

објавено: 4 февруари 2017 - 18:42

Дури и повеќе од очекуваното, Фени Индустри стигна до планираните бодови во дуелот со скопски Вардар. Иако повторно некомплетни (не играше стартниот центар Шарабидзе) кавадарчани лесно излегоа на крај со прволигашкиот „фенерџија".
Фени Индустри-Вардар 77:63 (24-10; 18-11; 17-23; 18-19)
Се некако стана јасно уште во првиот период од играта. Или оној во кој гостите од Скопје својот десетти поен го реализираа во 6. минута, кога намалија на (10:12). Но во другите четири, стигна серијата на Фени Индустри од (12-0) по која на истекот на првата четвртина беше јасно кој е кој на овој натпревар, (24:10).
Инаку, втор од двојната саботна програма во кавадаречки „Јасмин" каде некој час порано, Куманово беше подобар од „домаќинот" Пелистер (81:64).
Но серијата на кавадарчани не застана со крајот на 10. минута, напротив...
„Црно-белите" продолжија во ист ритам. Поведоа и со (28:10), а наредните поени на Вардар (не од игра, туку од линијата за слободни фрлања), публиката ги дочека по цели осум минути.
По реализацијата на Чешковиќ, во 18. минути игра, Фени Индустри имаше и плус од 20. поени (37:17), а на полувремето Марковски, со својот деветти поен, постави двојно поголемо водство за фаворитот (42:21).
Во оној трет дел од играта младите „вардарци"спуштија дел од високата негатива. Дојдоа и до 15 поени негатива (44:59). Резултат со кој двете екипи влегоа во тој последен период, во кој се некако се претвори во една обично рутинерско одработување на задачата која Малинков им ја постави на своите кошаркари кои одиграа колку да ја одбранат предноста креирана уште во првото полувреме.
Николовски реализираше 13. поени, Марковски имаше дабл-дабл ефект од 11. поени и 10. скока (плус и 5 асистенции), а десет дојдоа од Ѓекиќ, најголем дел од нив реализирани уште во првото полувреме.
А Адекунле, стрелец на 17. поени, беше единствениот играч на Вардар кој заврши како „двоцифрен".

Најново во Кошарка