КАВАДАРЧАНИ ВО ПОБЕДНИЧКИ РИТАМ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“

Фени Индустри е бројот 1

Дуелот во „Градски парк“ кој одлучуваше за тоа кој ќе го освои бројот 1 пред Суперлигата им припадна на кошаркарите на Фени Индустри (86:83)

објавено: 4 март 2017 - 19:41

Дуелот Работнички - Фени Инудстри го даде и првакот на Првата лига, односно онаа прва фаза (14. одиграни кола) по која се влегува во наредната - Суперлигата.

Во доста израмнети моменти, како победник на дербито на 14. коло, и на овој прв дел од лигата излегоа кошаркарите на Фени Индустри. Нивна 12. победа во првиот дел и прва стартна позиција пред вториот.

Работнички - Фени Индустри 83:86 (24-23; 17-21; 25-23;17-19)

Битен момент за „црвено-белите“ е дека освен враќањето на вода во соблекувалните, беше и враќањето на Владо Илиевски на теренот

Сосема очекувано, некогашниот македонски репрезентативец не беше во стартната петорка. Но затоа пак оние кои беа добро го „одработија“ овој меч кој дава само најдобра стартна позиција пред продолжението на лигата во која се вклушуваат нашите АБА лигаши - МЗТ Скопје и Карпош Соколи, и четирите најдобри по овие 14 одиграни кола.

Но истото го правеа и оние други пет кошакари на другата страна на теренотт. Изненади Ѓекиќ, кој за прв пат во оваа сезона отиде преку бројката од дваесет и повеќе поени, а нов одличен настап, по оние во Купот на Македонија, имаше и малдиот Стајиќ кој беше блиску до троен ефект.

Токму по тројката на Ѓекиќ, на две и пол минути пред крајот, кавадарчани поведоа со (81:77).

Но брзо врати најдобриот поентер на домаќинот, Тасовски, кој со својот 28. поен, постави (79:81) на семафорот, а веќе во следниот напад, Чековски погоди за израмнување (81:81) и остави 61 секунда за конечно решение на дербито.

Стајиќ делуваше незадржливо и по неговиот 20. поен на мечот, Фени Индустри одново водеше (83:81). Но со иста мерка врати Тасовски, па Љупчо Малинков потроши уште еден „тајм-аут“ во кој за оние преостанати 20. секунди требаше да намести напад за победа.

Ги „пресече“одлука Тасовски да прави прекршок, И иако Ѓекиќ беше половичен од линијата з аслободни фрлања (84:83), во лседнито напад Мираковски ја загуби топката, а тој подарок Петровски го претвори во плус 3 (86:83) на три секунди пред крајот. 

Прекратки за Илиевски да обезбеди чист шут за три поени. Се остана само на обид за Работнички, а голем триумф на Фени Индустри.

 

 

 

Најново во Кошарка