„Карпошовци“ и натаму без грешка

Фени Индустри немоќен, К.Соколи одново го освои „Јасмин“

Фени Индустри ниту од втор обид не успеа да го добие Карпош Соколи. И на вториот меч одигран во салата „Јасмин" сезонава, кавадарчани беа поразени со 90-78 (22-21, 22-27, 21-20), овој пат во рамките на 2. коло во Суперлигата.

објавено: 19 март 2017 - 18:40

Фени Индустри ниту од втор обид не успеа да го добие Карпош Соколи. И на вториот меч одигран во салата „Јасмин“, кавадарчани беа поразени со 90-78 (22-21, 22-27, 21-20, 13-22), овој пат во рамките на 2. коло во Суперлигата.

Избраниците на Љупчо Малинов добро се држеа, но паднаа во финишот. Клучниот потег го направи Драган Зековиќ, во 34. минута постигна две клучни тројки, за да две минути подоцна скопскиот тим ја запише првата двоцифрена предност на мечот (70-80). 

Дуелот во „Јасмин“ започна изедначено, по водството на гостите од 13-15, кавадарчани направија серија од 7-0 и на нецели две минути до крајот на првата четвртина поведоа со највисоки 20-15. Карпош Соколи сепак успеа да се врати во игра со поените на Пери и Зековиќ намалија на 22-21.

Фени Индустри го диктираше темпото се до 18. минута (42-38), кога „соколите“ со серија од 12-2 на стартот на второто полувреме поведоа со 44:50. Налетот на противникот го сопре Јане Петровски со три поени намали на 47-50, а со двата поени на Николовски, кавадарчани израмнија на 54-54 за нова неизвесност. Избраниците на Малинков, имаа предност од 65-64, но „карпошовци“ со четири поени повторно го вратија водството на 65-58.

Последната четвртина почна со тројката на Пајиќ за 68-68, по поените на истиот кошаркар за 70-72, Со двете тројки на Зековиќ и двата поени на Шепа, Карпош Соколи дојде до првите двоцифрени во 36. минута (70-80). Кавадарчани се обидоа да се вратат, но веќе беше доцна Лабовиќ на 40 секунди ја најави втората победи во серија на својот тим, зголеми на 76-88.

Пери со 17 поени беше најефикасен кај Соколи, два поени помалку имаше Трајковски. Кај домашниот тим Николовски имаше 18 поени.

 

Најново во Кошарка