УШТЕ ЕДНА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА СПОРТСКА ПРИРЕДБА ВО К. ВОДА

ФМП Академија го освои „Балкан купот“

Во пресметката на на најдобрите две екипи на „Балкан куп 2018", младите кошаркари на ФМП Академија беа подобри од своите врсници од Вардар (86:79).

објавено: 27 март 2018 - 14:40

Уште  еден голем спортски настан, за прв пат, се одржа во Општина Кисела Вода.

Во изминатите неколку денови беше организиран кошаркарски „Балкан Куп 2018“ на кој учествуваа екипи од Македонија, Србија и Бугарија. Екипите беа составени од млади талентирани кошаркари до 14 годишна возраст.

А првото место на овој куп го освои екипата на ФМП Академија, која во големото, во исто време и македонско финале, беше подобра од Вардар со резултат (86:79), додека третото место го освои екипата од Пловдив.

Организаторите на турнирот изразија голема благодарност за реализацијата и поддршката која ја добија директно од градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

 

Најново во Кошарка