НАЈДОБРО РАНГИРАНИОТ ВТОРОЛИГАШ СО ПРИЈАЗА ЗА НАСТАП

ФМП Академија најблиску до Првата лига

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП од Скопје, кој лани заврши на позицијата број 3 во Втората лига, изрази интерес за настап во елитното натпреварување

објавено: 13 септември 2017 - 15:40

Иако на седцнизата на Здружението на прволигашите не беше подржана одлуката на УО на МКФ за прошитување на првата лига, сепак, раководството на Кк ФМП Акаденија од Скопје, согласно со утврдениот временски рок, поднесе пријава за настап во елитната конкуренција за сезоната 2017/2018.

Согласно заклучоците за проширување и пополнување на Прва лига мажи донесени на седницата на УО на МКФ одржана на 06.09.2017 година, Ве известуваме  дека Кошаркарски клуб Академија ФМП - Скопје ја прифака поканата за настап во Првата македонска лига“ - се вели во пријавата доставена до канцеларијата на МКФ.

ФМП Академија е третиот второлигашки клуб кој реши да исправи пријава за настап во Првата лига, а по одлуката на Управниот одбор на МКФ наесто 10 во следната сезона, Првата лига да брои 12. екипи учесници.

Претходно, барање за место во Првата лига поднесоа и екипите на Карпош Соколи, и на Шкупи, но согласно со пласманот остварен во ланската сезона во натпреваеритре од втората лига, екипата на ФМП Академија е прва „во редот“.

„Лавовите“ го освоија третото место, и се две позиции погоре во однос на Карпош Соколи, и три над екипата на Шкупи. 

Во меѓувреме, на седницата на Здружението на прволигашите, беше отфрлена одлуката на УО на МКФ за проширување на елитното друштво. Но, последен збор, барем така најави претседателот на МКФ, присутен на состанокот на прволигашите, сепак има федерацијата.

 

Најново во Кошарка